TEME

ilustrativna fotografija

Hеопходна основа за успешна едукација на децата Роми

Предучилишното образование е е суштински важно и е правилен почеток за образовната надградба на секое дете. Тргнувајќи од тоа, но и од фактот дека повеќето од децата од ромска националност во Македонија не посетуваат предучилишно образование, Министерството за труд и социјална политика и 18 општини во Македонија, со поддршка од Ромскиот образовен фонд од Будимпешта, веќе неколку години го спроведуваат проектот „Инклузија на деца Роми во јавни предучилишни установи“. Во изминативе четири години, колку што трае проектот, над 300 деца Роми се вклучени во предучилишно образование.